Флорентино Перез и Зинедин Зидан имаат убав план: Единсон Кавани доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“?

Реал Мадрид нема да троши многу во претстојниот летен преоден рок, но тоа не значи и дека не може да доведе нови квалитетни засилувања на „Сантијаго Бернабеу“. Претседателот Флорентино Перез и тренерот Зинедин Зидан имаат одличен план, да го доведат во Мадрид уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани кој е слободен агент.

Кавани беше пред потпис со Бенфика, но очигледно дека сепак сака да игра и понатаму во некоја од најквалитетните лиги во Европа. Имаше понуда од Јувентус, но ја одби поради љубов кон „наполитанците“, а доаѓањето во Реал Мадрид и за него би бил џек – пот. Му одговара и на „кралскиот клуб“ затоа што ќе добие фантастичен напаѓач кој во секој момент би можел да го замени Карим Бензема, па дури и да игра во тандем со него.

Флорентино Перез треба да направи два чекори пред да му достави понуда на Кавани, да ја разреши ситуацијата со Лука Јовиќ и со Маријано Дијаз. Србинот е во преговори со Милан и би можел кариерата да ја продолжи во Серија А, додека Маријано Дијаз е следната желба на Жорге Жесус во Бенфика, откако не успеа да го доведе Кавани.

Се вчитува...