Флорентино Перез има план…Бејл + Мајорал + пари = Хари Кејн

На Реал Мадрид му недостига клсичен напаѓач и тоа е повеќе од евидентно на почетокот на оваа сезона, во која тимот кубури и со повреди. Отсуствуваше Карим Бензема, Кристијано Роналдо беше суспендиран, а Герет Бејл е хронично повреден. Тоа го натера и претседателот Флорентино Перез да размислува за растурање на триото и купување на нова ѕвезда следното лето. А во фокусот е Хари Кејн, кој и на гостувањето со Тотенхем на „Сантијаго Бернабеу“ покажа за каков одличен играч станува збор.

Флорентино Перез веќе има план како да го доведе во Реал Мадрид. Јасно е дека Тотенхем нема да се откаже од него без „кралскиот клуб“ да плати 200 милиони евра, но Перез се надева дека може во зделката да вклучи двајца фудбалери. Герет Бејл би се вратил во Тотенхем, со оглед дека навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ се повеќе го исвиркуваат, а во Лондон би заминал и младциот напаѓач Борха Мајорал. Тој, според англиските медиуми, е голема желба на менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино. Дополнително, Реал Мадрид и би ’искеширал’ до 200 милиони евра, а Хари Кејн би се преселил во Мадрид.

Кога Флорентино Перез нешто ќе намисли, тоа речиси секогаш и се реализира…

Се вчитува...