Флорентино Перез правел операција, не отпатува со тимот во Лајпциг

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез денеска бил на итна операција. Кралскиот клуб потврди дека нивниот прв човек е „под нож“ поради проблеми кои имал со белите дробови. Добра вест е дека операцијата минала според планот, и дека сега го чека процес на рехабилитација кој не би требало да трае долго.

Перез се решил на ваков зафат поради проблемите со дишењето кои ги имал. Од шпанскиот клуб објавија соопштение за да стават точка на било какви шпекулации околу неговите здравствени проблеми.

„Перез е успешно опериран во вторник. Имаше јазол на белите дробови кој е отстранет. Прогнозите се добри, а поради операцијата не отпатува со екипата во Лајпциг“, се вели во соопштението. 

Се вчитува...