Флорентино подготви буџет за Мбапе: Не давам ниту евро повеќе

Килијан Мбапе и сезонава е предводник на нападот на ПСЖ, но францускиот ас веќе стави до знаење дека нема намера да го продолжи договорот што истекува во јуни 2022 година. Ова практично значи дека францускиот првак ќе биде принуден следното лето да го продаде големиот ас, за да не ризикува тој потоа без никаква отштета да си замине од „Паркот на принцовите“.

Целата ситуација будно ја следи Реал Мадрид, чии челници веќе две години контактираат со агентот на Мбапе, не криејќи ја желбата да го доведат францускиот ас на „Сантијаго Бернабеу“. Шпанските медиуми објавија дека претседателот Флорентино Перез веќе го одредил и буџетот што го планира за Мбапе – отштета од 120 милиони евра за ПСЖ.

Ставот на Перез е јасен, за фудбалер што има само уште 12 месеци од договорот и ова е вистинско богатство, но „кралевите“ се надеваат дека со оваа сума ќе ја победат конкуренцијата во трката за Мбапе.

Не дава ниту евро повеќе, ПСЖ нека одговори“, гласела пораката од првиот човек на Реал.

Се вчитува...