Флоријан Кадриу од азербејџански Сабаил ја засили Струга ТЛ (ФОТО)

Поранешниот фудбалер на Работнички и Ренова, Флоријан Кадриу е најновото засилување на Струга Трим Лум.

25-годишниот Кадриу изминатава сезона настапуваше за азербејџански Сабаил, но сега повторно се враќа во македонскиот шампионат како сериозно засилување за Струга ТЛ.

Претходно во кариерата, левокрилниот офанзивец има настапи и за Шкупи, како и за албанските прволигаши Теута и Тирана.

Се вчитува...