ФМП добива на височина со Валмир Какруки

Екипата на Академија ФМП продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона откако денеска беше потпишан договор со Валмир Какруки. Станува збор за кошаркар што ќе му помогне на тимот на Александар Петровиќ во борбата под обрачите, Каркури е поранешен јуниорски репрезентативец на Македонија, а на сениорско ниво го има носено дресот на Вардар.

Измината година беше дел од академијата The Skill Factory каде што настапуваше на повеќе турнири, по што летово реши да се врати во Македонија.

Среќен сум за моето доаѓање во екипата на Академија ФМП. Се надевам на успешна сезона со добри резултати и добра соработка со тренерот и играчите од кои што добар дел ми се познати и имам настапувано за репрезентацијата и во младинските категории“ – изјави Какруки.

Се вчитува...