ФМП го зеде скалпот на Кожув

ФМП славеше победа од 83-73 на дуелот против Кожув, стигнувајќи до триумф што дефинитивно ќе биде многу значаен за тимот од Кисела Вода во борбата за опстанок што ќе следи во Плејаут-лигата. Избраниците на тренерот Мирковски експресно се рехабилитираа од несреќниот пораз од Вардар во минатото коло, одиграа одличен натпревар и заслужено го зедоа вториот скалп на фаворит сезонава, откако во првиот круг го совладаа и тимот на Работнички.

Дуелот беше израмнет, а на крајот пресуди последната четвртина, што мина во доминација на кошаркарите на ФМП. Кожув зачести со грешките во нападот, а мотивираните домашни кошаркари знаеја како да го искористат тоа, ги добија последните десет минути со 26-14 и на крајот славеа дури и двоцифрен триумф над силниот противник.

Лонг со 20 поени беше најефикасен во победничкиот тим, во чии редови најдобар поединец беше Горан Главчев, постигнувајќи 18 поени со само две промашувања (7/9 од поле). Во таборот на Кожув најефикасни беа Зданавичиус со 19 и Караџовски со 16 поени.

Се вчитува...