Академија ФМП ја прекина серијата од четири порази во Првата лига, славејќи на домашен терен против Црн Дрим со резултат 74-68. Нервозата во тимот на Александар Петровиќ по серијата слаби игри беше очигледна на самиот почеток од денешиот дуел, но прволигашот од Кисела Вода сепак успеа да се консолидира и да стигне до посакуваниот триумф.
Мечот почна со неочекувана доминација на гостите од Струга, кои по пет минути игра поведоа со 2-12. ФМП за момент се консолидираше, ја заврши четвртината со резултат 10-15, но стружани беа подобри и во втората четвртина, па на одмор заминаа со убедливо водство од 30-41. Советите на Петровиќ дадени на полувремето дефинитивно вродија со плод, па домашните кошаркари одиграа беспрекорна трета четвртина што ја добија со 26-6, правејќи целосен пресврт и создавајќи предност што се покажа доволна за да се стигне до победата.
Крстајиќ и на оваа средба беше „прва виолина“ на ФМП постигнувајќи 29 поени, а двоцифрен ефект имаа само уште Харис со 13 и Атанасов со 10 поени. Најефикасни кај Црн Дрим на вечерашниот натпревар беа Марсело со 17 и Коскоски со 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА