ФМП лесно се справи со МЗТ Скопје 2

Академија ФМП стигна до четврата победа во низа откако на домашен терен славеше против МЗТ Скопје 2 со 84-74. Избраниците на Петровиќ беа подобриот противник во поголемиот дел од натпреварот и сосема заслужено стигнаа до нови два бода.

Текот на натпреварот домаќините го најавија уште од самиот почеток кога стигнаа до водство од 15-6, а и покрај тоа што МЗТ Скопје 2 успеа да се врати во игра и да поведе во првите 10. минути (17-19), „академиците“ победата ја осиграа до полувреме, добивајќи ја втората четвртина со 25-9 за високи 42-28 по 20. минути игра.

Во еден момент од второто полувреме Академија ФМП стигна и до позитива од 29 поени (67-38), а „штрчињата“ успеаја да го ублажат поразот со добра игра во последните десет минути кои го добија со 13-29.

Стефан Крстајиќ беше предводник на составот од Кисела Вода со 16 поени и 3 скока, а него го следеше Филип Бакоч со 12 поени и 9 скока. Карло Блажевски беше првото име кај гостите со 16 поени, а Габриел Коскоски додаде 14 поени и 4 скока.

Се вчитува...