ФМП носи американски „џин“ за атак на АБА лигата

Американскиот центар со нигеријско потекло, Мајкл Оџо потпиша повеќегодишен договор со ФМП Железник. Станува збор за поранешен член од НЦАА колеџ тимот на Флорида стејт, игра на позицијата центар, а неговите 216 сентиметри прогнозираат доминација под обрачите.

24-годишниот кошаркар е еден од најдоминантните центри во АЦЦ дивизијата и НЦАА лигата. Оџо ќе пристигне во клубот следната недела, а ќе биде петтото засилување на ФМП.

Се вчитува...