Фофана од Удинезе со скршеница на ногата, заврши сезоната за него

Фудбалерот на италијанскиот калчолигаш Удинезе, Секо Фофана, заработи тешка повреда на ногата на денешиот меч од Серија А против Јувентус. По еден жесток дуел тој се пожали на повреда и беше повлечен од игра уште во првото полувреме, а деталните лекарски прегледи покажаа дека Фофана има скршеница на фибулата. Тоа значи дека ќе мора да паузира до крајот на сезоната, а во текот на наредните неколку дена ќе се знае дали ќе мора да замине и на операција.

За Фофана интерес оваа зима покажа Интер, но сега овој трансфер сигурно ќе биде одложен поради сериозната повреда на фудбалерот.

 

Се вчитува...