Фојц победник на спустот во Бивер Крик

Швајцарецот Беат Фојц е победник на вториот спуст во сезоната во алпско скијање кој се возеше во американскиот Бивер Крик. Искусниот Фојц до победата стигна со време од 1:12.98 минути. Второто место го поделија Австриецот Винсент Крихмајер и Французинот Јоан Клари кои задоцнуваа 41 стотинка зад победникот.

Со победата Фојц го презема и водството во пласманот за спуст со 160 бода, додека во генералниот пласман водечки останува Австриецот Матијас Мајер. Утре на програмата во Бивер Крик е вториот велеслалом сезонава.

Се вчитува...