Рафаел Ходар и Алехандро Давидович Фокина одиграа феноменално финале на Мастерсот во Шангај.
Рафа Ходар на некој начин се сметаше за наследник на Надал, а за време на финалето во Шангај го покажа својот величествен талент. Сепак, и покрај одличниот почеток загуби од феноменалниот Александро Давидовиќ-Фокина.
Фокина успеа да триумфира со 2-1 во сетови, со резултат 1-6, 7-6, 6-4 по нешто помалку од два и пол часа тенис.
По Мајорка и Ченгду, ова е трета АТП титула за Давидовиќ-Фокина, шпанскиот тенисер кој го елиминираше светскиот број еден, Саша Зверев, во полуфиналето на турнирот.
Ова му користеше и на Србинот Новак Ѓоковиќ, кој сега брка разлика од 319 поени за да се квалификува за завршниот Мастерс во Торино. Доколку Ходар победеше, разликата што ја бркаше ќе беше речиси 500 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
