„Фокс Депортес“: Ибра доаѓа во ЛА галакси!

Златан Ибрахимовиќ својата кариера ќе ја продолжи во американската МЛС-лига, и тоа како член на ЛА галакси. Оваа информација ја објави јужноамериканската телевизија „Фокс депортес“, повикувајќи се од извори блиски до клубот, но и од Европа.

Потврдено и од Европа. Златан ќе игра во ЛА галакси“ – објави Фокс на своите профили по социјалните мрежи, воедно постирајќи и слика од шведскиот ас во дресот на клубот од Лос Анџелес.

Дека Ибрахимовиќ преговараше со американскиот клуб е позната работа, но според „Фокс“ сите детали се веќе договорени и Златан донел одлука по завршувањето на оваа сезона во Премиер-лигата да си замине од Манчестер јунајтед и да се пресели од другата страна на Атлантикот. Останува да се види дали оваа информација наскоро ќе биде официјализирана од страна на ЛА галакси, или пак ќе остане во сферата на шпекулациите до крајот на сезонава.

Ибракадабра ја одлежа суспензијата од три натпревари и вечерва повторно ќе го предводи нападот на Манчестер јунајтед на дуелот со Евертон.

Се вчитува...