Форбс: Хабиб Нурмагомедов е најбогатиот спортист на светот до 40 години

Угледниот магазин Форбс подготви листа на најуспешните спортисти до 40 години во светот. А, според заработката на врвот на листата е УФЦ шампионот, Хабиб Нурмагомедов.

Според Форбс, Хабиб во периодот од 1. мај 2019 година до 30. април 2020 година заработил дури 19,5 милиони долари. Од борбите заработил чисти околу 10 милиони долари, а остатокот е од спонзори и гостувања. Форбс тврди дека Нурмагомедов наплатува по 78.000 долари за учество на семинари, но неговиот менаџер нагласува дека тоа е погрешна информација и дека Хабиб за такви учество зема по 300.000 долари на ден.

Новиот меч на Дагестанецот се очекува во септември против Џастин Гатје, а според информациите таа борба треба да му донесе дополнителни пет милиони долари.

Се вчитува...