Формата на репрезентативците пред собирот не е за радување – голем дел со порази, некои не играа воопшто…

Формата на нашите репрезентативци, барем според она што го минаа викендов, не е за радување. Поголемиот дел ги загубија натпреварите, а голем дел не беа дел од своите тимови, односно останаа на клупата. Тоа може да биде од една страна и добро, затоа што одморени ќе дојдат на собирот денеска закажан напладне.

Голманите сите бранеа, и сите загубија од своите ривали. Алиоски и Велковски играа по цели мечеви, и победија. Стефан Ристовски играше само четири минути, додека Муслиу остана на клупата.

Од средниот ред, Барди одигра цел меч, но загуби, Спировски не играше, Елмас влезе во вториот дел, Костадинов, пак, беше заменет во 62. минута, исто како и Ракип.

Единствено радуваат головите на Милан Ристовски и новиот репрезентативец Валон Етеми. Исто така и головите на Доријан Бабунски кој денеска ќе добие повик на местото на Адис Јаховиќ кој се повреди.

Како минаа нашите репрезентативци викендов?

Димитриевски – играше цел меч за Рајо, прими два гола од Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“

Шишковски – бранеше за Докса во дуел со Аполон, загуби 3:0

Јанков – стандарден за Работнички, ама прими три гола од Академија Пандев

Алиоски – играше 90. минути за Ал Хилал и неговиот тим победи 1:0

С. Ристовски – влезе на четири минути пред крајот, неговиот тим загуби 1:0 од Локомотива Загреб

Ристевски – беше дел од АЕЛ сите 90 минути, а неговиот тим загуби 3:0 од АПОЕЛ

Муслиу – остана на клупата цел меч за Мол Фехервар во дуелот со Залаегерцег

Зајков – играше за Левски цел натпревар во победата над Славија од 0:1

Ашковски – играше последните 20 минути на Сепси во ремито 1:1 против Универзитатеа Крајова

Велковски – мина цел меч на теренот за Ријека во победата од 0:1 над Шибеник

Серафимов – играше цел натпревар, а неговиот тим Залаегерцег е поразен од Мол Фехервар со 3:0

Тодороски – остана на клупата за Раднички Ниш во мечот со Спартак Суботица

Спировски – цел меч мина на клупа за Мариупол во мечот со Минај

Барди – играше цел натпревар за Леванте во поразот од Алавес 2:1

Елмас – влезе во игра во 62. минута, а неговиот Наполи одигра 1:1 со Верона

Костадинов – мина на теренот 62 минути и неговиот тим Ружомберок е поразен од Слован Братислава

Чурлинов – влезе во игра во 62 минута за Шалке кој загуби дома од Дармштад 2:4

Ракип – Малме победи 0:2 со Гетеборг, а Ракип влезе во игра 62. минута

Атанасов – со новиот тренер остана на клупата, но влезе во 71. минута. Хајдук победи

Етеми – даде еден гол во триумфот на Истанбулспор, а излезе во 82 минута

Трајковски – остана на клупа за Алборг

Јаховиќ – се повреди во 16. минута и излезе од терен. Нема да биде во комбинација за репрезентацијата

Бабунски – даде два гола за Ботев Враца, вкупно шест во првенството, но неговиот тим загуби од Арда

Ристовски – постигна гол и утна пенал за Спартак Трнава во победата од 2:0 над Микулас. Беше сменет во 74. минута

Миовски – играше цел меч за МТК, доби жолт картон, и загуби од Ѓирмот 0:3 на домашен терен

Се вчитува...