Форматот на „Ол стар“ ќе биде ист и следната година

НБА најверојатно и следната сезона ќе го задржи форматот на „Ол-стар“ натпреварот во кој сезонава беше исклучено времето во последната четвртина. Според новите правила победник е првиот тим кој ќе дојде до зададениот број на поени. Ваквите правила допринесоа конечно да се игра одбрана на натпреварот на сите ѕвезди и дека на кошаркарите им е важно да дојдат до победа. Светот конечно виде како најдобрите во НБА лигата озбилно се натпреваруваат, а имаше и остри критики и приговори на судиските одлуки.

Еден од раководството на НБА, Бајрон Соруел вели дека правилото официјално не е донесено, но постои голема желба кај сите поврзани со кошарката во САД тоа да премине во навика. Инаку годинава „Ол-старот“ се играше така што по три четвртини семафорот се гаси и на поените кои ги има водечкиот тим им се додава 24 поени во чест на Коби Брајант.

Идејата за ваков начин ја предложи Крис Пол кој е претседетел на асоцијацијата на кошаркари, а неговиот предлог беше прифатен буквално од сите.

Се вчитува...