Формула 1 бележи загуба од 160 милиони долари

Новите сопственици на Формула 1, „Либерти Медиа“ го презедоа местото на Берни Еклстон, но не и успешноста во управувањето со најелитното автомобилско натпреварување. Фирмата објави дека во изминатите девет месеци „Formula One Group“ заради зголемените расходи, регистрирала загуба од 160 милиони долари.

Магазинот „Форбс“ направи споредба со финансиската состојба на шампионатот од минатата сезона кога во Формула 1 има добивка од 589 милиони долари. Зголемените расходи сезонава се поврзани со новоотворените работни места и инвестициите на компанијата во рекламни цели.

Во јануари годинава „Либерти Медиа“ официјално станаа сопственици на 100 проценти од акциите во Ф1 за 4.6 милијарди долари. Во изминатите десет месеци од преземањето на акциите, новите сопственици не привлекле ниеден нов спонзор, а минатата недела ја загубија и компанијата „Хуго Бос“ која го прекина партнерството со Ф1 и ја префрли рекламата во електронскиот еквивалент Формула Е.

Се вчитува...