Формула 1 добива големи промени поради овие девојки (ФОТО)

Преносите на трката, квалификациите и тенинзите на Формула 1 добија голема промена од ГН на Соединетите американски држави во Остин. Организаторите по одредени критики на дел од возачите и публиката одлучија помалку во етерот да прикажуваат атрактивни девојки на трибините, а повеќе трката на стазата.

Критичарите ги предводеше возачот на Вилијамс, Карлос Саинц кој на Големата награда на Сингапур имаше импресивно возење кое започна од последното место, а заврши на десеттото остана незабележано од камерите во преносот во живо.

Наместо фокусот да биде на стазата, камерите редовно се префрлуваа на девојките на Карлос Саинц, Ландо Норис и Макс Ферстапен што предизвика незадоволство и кај фановите и кај самите возачи.

Големо влијание на трендот да се прикажува и дел од приватниот живот на возачите има документарната серија „Drive to Survive“ која допринесе спортот да добие бројна млада публика.

Интересен факт е една објава на Мерцедес кој на социјалните мрежи постави видео од славјето на девојката на Џорџ Расел, Монтеро Мундт. Оваа објава има 7.8 милиони прегледи, двојно повеќе од следните две објави кои вкупно имаа 4.6 милиони прегледи.

Се вчитува...