Формула 1 потпиша договор за продажба на ТВ права на компанијата „Епл“, односно на телевизијата на таа компанија, која на тој начин, ексклузивно, ќе ги емитува трките на најбрзиот циркус во САД.
Медиумите објавуваат дека „Епл“ ќе плати вкупно 750 милиони долари на Формула 1 за преноси на трки, односно 150 милиони долари годишно од договорот. Договорот стапува на сила на почетокот на 2026 година.
Сите корисници на „Епл“ ТВ ќе можат да ги следат трките на Формула 1 како дел од нивната редовна претплата во следните пет години, првата голема спортска содржина што ќе се емитува на споменатата станица платена преку редовна претплата.
„Епл“ всушност веќе ги емитува натпреварите од МЛС лигата, но ги наплаќа поинаку од Формула 1 – најдобриот фудбал на северноамериканскиот континент може да го гледаат корисниците со дополнителен надомест на веќе редовната претплата на основниот пакет.
Сè уште не се постигнати договори за тоа кој ќе ги коментира трките, но се подразбира дека „Епл“ веројатно ќе купи коментатори од Ф1 ТВ или британската мрежа „Скај“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

