Формула 1 го објави календарот за 2026 година

Светската автомобилска федерација (ФИА) го објави календарот на Формула 1 за следната сезона.

Следната година ќе имаме 24 трки, идентични како оваа сезона, со додавање на Мадрид ГП, додека Емилија Ромања ГП во Имола е избришана од календарот.

Тоа значи дека ќе имаме две трки кои ќе се возат на шпанска територија, додека Италија останува на една.

Сè ќе започне од Австралија на 6. март, додека сезоната традиционално ќе заврши во Абу Даби на 6. декември.

Се вчитува...