Формула 1 ја врати трката во Сепанг како ГН на Бахреин

Формула 1 и Светската автомобилска федерација (ФИА) официјално соопштија дека Големата награда на Бахреин во сезоната 2026 ќе се вози на легендарната патека „Сепанг“ во Малезија, во необичен потег со кој е обезбедено местото на трката во календарот.

Според потврдениот распоред, тркачкиот викенд ќе се одржи од 2 до 4 октомври, а ќе биде сместен помеѓу Големата награда на Азербејџан и Големата награда на Сингапур. Останатиот дел од календарот за сезоната останува непроменет.

Иако трката ќе се вози во Малезија, таа официјално ќе го носи името Голема награда на Бахреин во Малезија. Сепак, конечната потврда сè уште треба да ја даде Светскиот совет за мотоспорт при ФИА.

Одлуката е резултат на заеднички договор меѓу Формула 1, ФИА и владите на Бахреин и Малезија, со што беше пронајдено решение трката да остане дел од шампионатот и покрај првичните проблеми околу нејзината организација.

Патеката „Сепанг“ има богата историја во Формула 1. Дебитираше во календарот во 1999 година и со текот на годините стана една од најомилените меѓу возачите и навивачите. Долгите правци, техничките свиоци и честите тропски дождови редовно носеа неизвесни и спектакуларни трки.

Се вчитува...