Формула 1 се враќа во Германија?!

Големата награда на Германија би можела да се врати во календарот на Формула 1, откако „Хокенхајм“ започна разговори со челниците на шампионатот за можно враќање на трката.

Патеката „Хокенхајмринг“, која последен пат беше домаќин на Формула 1 во 2019 година, од 2024 година е под управување на нови инвеститори кои планираат големи вложувања во целиот комплекс.

Групацијата „Емодром“, која поседува речиси 75 отсто од сопственоста на „Хокенхајм“, најави инвестиција од 250 милиони евра за проширување на центарот „Порше експириенс“, изградба на хотел и на новиот комплекс „Моторворлд“.

Во рамките на тие планови се разгледува и можноста за враќање на Формула 1. Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, потврди дека веќе се остварени првите контакти.

Се вчитува...