Македонскиот футсал шампион со три порази ја заврши главната фаза од лигата Б во Лигата на шампионите. По воведните два порази, нашиот клуб денеска доживеа убедлив пораз и во последниот меч против Киев футсал со 0-10.
Стрелци на десетте гола за украинскиот клуб беа: Шериција кој постигна хет-трик, Мендес, Зварич, Грицина, Винициус, Де Фреитас, Литвинов и Моспан.
И покрај убедливиот пораз ова беше одличен резултат за македонскиот шампион кој успеа да ја мине првата фаза во ова натпреварување и да оди на мегдан на најдобрите тимови во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

