Македонскиот репрезентативец Лука Станковски е избран во тимот на колото во шампионатот на Украина.
Откако стрелаше за својот Колос во победата од 0-2 на гостувањето против тимот на Верес, Станковски сосма очекувано со избор во најдобрите 11 на колото во украинскиот шампионат.
Македонскиот офанзивец игра во одлична форма месецов во украинското првенство, запишувајќи гол и асистенција на последните два натпревари за Колос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
