Завршницата на оваа сезона во Евролигата повторно ќе биде крунисана со фајналфор во Абу Даби, објавија денеска челниците на елитното европско натпреварување по потпишувањето на договорот за организација на фајналфор турнирот.
Абу Даби беше домаќин на Ф4 турнирот во 2025 година, а со новиот договор овој град ќе го организира кошаркарскиот спектакл во 2027 и потоа повторно во 2029 година. Согласно календарот овосезонскиот фајналфор ќе се игра на крајот на мај, полуфиналните мечеви се закажани за 28 мај, а големото финале за 30 мај 2027.
„Огромно е задоволството што можам да објавам дека фајналфор турнирот се враќа назад во Абу Даби. Благодарност до луѓето од Абу Даби за постојаната поддршка и доверба кон нас. Заедно го организиравме еден од најдобрите фајналфор турнири во 26-годишната историја , а со овој договор и новата организација ќе креирама ново незаборавно искуство за нашите фанови“, изјави претседателот на Евролигата, Дејан Бодирога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
