Македонија со 16 медали од Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија Опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен успех со освоени 16 медали – четири златни, три сребрени и девет бронзени на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија.

На натпреварот учествуваа 564 натпреварувачи од 14 европски земји: Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Чешка, Молдавија, Босна и Херцеговина, Белгија, Словачка, Украина, Ирска, Италија, Франција и Хрватска, при што Македонија беше претставувна со 18 натпреварувачи, од клубовите ХВА РАНГ ИТФ Лескоец – Охрид, СОНКАЛ Мислешево – Струга, МАСТЕР – Охрид и ГЕБЕК – Ресен.

Македонската селекција настапи под водство на Марјанчо Лазаревски, Божидар Димитриевиќ а во експедицијата беше и меѓународниот судија Давид Велковски.

Претседателот на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, Марјанчо Лазаревски, изрази големо задоволство од настапот на младите натпреварувачи.

„Ме радува и тоа што имаме млади генерации кои ветуваат светла иднина за нашиот спорт и кои се пример за своите врсници како треба достоинствено да се претставува сопствената држава. За нив, и самото учество на ваков меѓународен натпревар претставува огромен успех“, изјави Лазаревски.

Се вчитува...