Одбојкарите на Работнички загубија на првиот натпревар од стартното коло во ЦЕВ Челинџ купот.
На гостувањето во Атина против екипата на ЗАОН Кефисиа, македонските одбојкарки загубија убедливо во три сета.
На дуелот кој се одигра во салата „Зиринејо“, македонските девојки загубија со 25-17, 25-15 и 25-17, за нешто помалку од еден час и 30 минути игра.
Трифуновска со осум поени и Атанасова со седум поени беа најефикасни во редовите на македонскиот шампион.
Реваншот се игра на 3 ноември од 19 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
