Алкалоид триумфално на гостувањето против Бутел

Ракометарите на Алкалоид триумфираа на гостувањето против Бутел Скопје со 24-29 (12-15), во осмото коло од македонската Суперлига.

Гостите од Автокоманда ја оправдаа фаворитската улога на мечот, уште од самиот старт на дуелот најавувајќи ја победата. По само десет минути игра, составот на Кире Лазаров поведе со 4-8, за да сето тоа се одржува до полувремето на кое Алкалоид замине со предност од 12-15.

Во второто полувреме слична игра, за да гостите на десет минути пред крајот дојдат и до највисоки 17-23 со што веќе беше најавен победникот на натпреварот. Во финишот само рутинско одржување на предноста за конечни 24-29.

Борзаш со пет гола беше најефикасен во победничкиот тим, а Галевски имаше 13 одбрани. На спротивната страна Богдановски имаше 11 одбрани, по пет погодоци постигнаа Каевски и Јовиќ.

Алкалоид го запиша седмиот триумф, наспроти еден пораз, а Бутел го забележа седмиот пораз, плус и едно реми во досегашниот дел од првенството.

Се вчитува...