Легендарниот Стивен Џерард не го штедеше Манчестер Јунајтед зборувајќи за проблемите на тимот предводен од Мајкл Карик. Поранешниот капитен на Ливерпул смета дека одговорноста за лошите резултати мора да се бара во квалитетот на играчите и одлуките на оние што ги доведоа.
Јунајтед загуби од Борнмут со 3-0 на Олд Трафорд, за уште еден тежок пораз кој дополнително го зголеми притисокот врз Карик. Но, критиките на Џерард беа насочени кон многу поширок круг луѓе.
Тој ги издвои Хари Мегваер и Лук Шо меѓу првите. Тој не го оспорува она што го направиле во текот на нивните кариери, но верува дека клубот морал да најде други решенија порано.
„Мегваер и Шо, и останатите од нивен ранг, повеќе не се играчи за Манчестер Јунајтед“, рече Џерард, мислејќи за нивното моментално ниво и потребите на клубот, а потоа анализирајќи ги и другите засилувања на тимот.
„Тие го доведоа Сантош за 50 милиони фунти. Но, и тој не е играч за Манчестер Јунајтед. Балеба, пак, чинеше 70 милиони фунти. Тој има потенцијал, но не е подготвен да му помогне на Манчестер Јунајтед да се бори за врвот на лигата сега“, истакна тој.
Џерард направи разлика помеѓу инвестирањето во иднината и засилувања кои веднаш носат победи. Според неговата проценка, Јунајтед потрошил многу пари, но не добил доволно готови решенија за амбициите што ги има.
„Кога играв против Јунајтед, тие ги имаа Гигс и Бекам. Сега гледам на теренот и го гледам Дијало. Дајте да не се шегуваме“, вели Џерард.
Затоа, неговата порака е дека не е проблемот само во Карик. Џерард верува дека Јунајтед мора да размисли повторно и за составот и за начинот на кој го градат, бидејќи промената на клупата сама по себе нема да го реши она што тој го смета за недостаток на квалитет на поголемиот дел од позициите во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
