Почина фудбалерот кој една година беше во кома

Португалскиот фудбалер, Даниел Гонкалвеш, денеска почина откако една година беше во кома, соопшти неговиот тим Полонија.
Голкалвеш (25 години) во септември минатата година доживеа инфаркт за време на тренинг по што беше итно префрлен во болница.

Во еден момент можеше да дише без помош на апаратите, но неговата состојба не се подобри и повторно беше ставен во индуцирана кома.

Гонкалвеш беше продукт на академијата на Бенфика, но не заигра за првиот тим. По младинските категории, Гонкалвеш се пресели во норвешкиот шампионат играјќи за екипата на Лилехамер од каде замина за Полонија.

 

 

Се вчитува...