Четврта нула за МЗТ Скопје во Еврокупот

Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа четвртиот пораз во четвртиот натпревар од групната фаза на ФИБА Еврокупот. МЗТ Скопје во СЦ „Јане Сандански“ го доживеа најубедливиот пораз во Еврокупот, загуби со 69:85 од екипата на АЕК Ларнака.

По четири кола, МЗТ Скопје останува единствен тим во групата Е беа победа, додека АЕК има три триумфи и еден пораз.

„Металците“ одлично го започнаа натпреварот, поведоа со 7:0, но гостите возвратија со девет поени во низа. АЕК потоа поведе и со 10:18, но успеа да се врати на минус три (20:23).

Во втората четвртина, МЗТ Скопје поведе во два наврати, но во финишот гостите постигнаа пет поени во низа, и на одмор заминаа со 42:49.

Во третата четвртина беа решени дилемите околу победникот откако Тејт постигна тројка за предност на АЕК Ларната од 49:69. Во последната четвртина, кошаркарите на МЗТ Скопје, во финишот успеаја да ја намалат негативата на минус 16, односно 69:85.

Емир Крајиниќ со 17 поени и 12 скока и Ноа Али Фаракан со 14 поени беа најдобри кај МЗТ Скопје, додека Мајлс Тејт со 22 поени беше прво име кај АЕК Ларнака.

Во следното коло, МЗТ Скопје му гостува на полскиот тим Џики Варшава која се уште не знае за пораз.

Се вчитува...