Сколс без влакна на јазикот: Бруно треба да го напушти европскиот фудбал

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, смета дека актуелниот капитен на „црвените ѓаволи“, Бруно Фернандес нема иднина на „Олд трафорд“.

Сколс тврди дека Бруно со неодамнешните изјави во кои директно го критикуваше својот тренер Мајкл Карик и неговите тактички замисли, ја загуби довербата кај тренерскиот тим на Манчестер Јунајтед и смета дека Португалецот треба да го напушти европскиот фудбал бидејќи никој повеќе не може да му верува.

„Никако не може да му се прости на Бруно Фернандес за тоа што го кажа минатата недела. Како тој сега може да влева доверба како капитен, но и во било кој тим да замине? Мислам дека мора да го напушти европскиот фудбал, да оди во Саудиска Арабија. Не верувам дека било кој тренер или член на стручниот штаб ќе може да му верува по тоа што му го направи на Карик“, вели Сколс.

Се вчитува...