Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, уште сега врши притисок врз управата за идното лето да му донесе екстра засилување за средниот ред.
Изборот на Мурињо е ѕвездата на Ливерпул и на аргентинската репрезентација, Алексис Мекалистер, објави „Скај“.
Португалецот, според „Скај“, е импресиониран од Мекалистер, од неговата физичка подготвеност, но и креативност, што според Мурињо му недостасува на Реал во овој момент.
Мекалистер има договор со Ливерпул до 2028 година, и доколку го сака на „Сантијаго Бернабеу“, Реал ќе мора дебело да „брцне“ во касата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
