Гол-шоу на „Олимпико“ за триумф на Рома, пресврт на Комо со три гола во финишот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома го совладаа Калјари со 4:2 во натпревар од деветтото коло во Серија А.

По триумфот, Рома го освои 21 бод и дојде на само еден од лидерот на табелата, Лацио.

На „Олимпико“ гостите го отворија резултатот уште во десеттата минута со голот на Нзола од пенал. Но, само 11 минути им требаше на играчите на Рома да направат пресврт, прво Лули во 15-та минута со гол го прослави потпишувањето на новиот договор, а во 21-та минута, Писили направи пресврт.

 

Roma 2 – [2] Cagliari – Daniel Maldini 81′
by
u/50lipaa in
soccer

 

Во финишот, во 81-та минута, Даниеле Малдини го замолкна на момент „Олимпико“ израмнувајќи на 2:2.

 

Roma [3] – 2 Cagliari – Rodrigo Mora 85′
by
u/50lipaa in
soccer

Но, одговорот дојде експресно, во 85-та минута, Мора погоди за 3:2, а две минути подоцна, Мален ја потврди победата на „римската волчица“.

 

Roma [4] – 2 Cagliari – Donyell Malen 87′
by
u/50lipaa in
soccer

Екипата на Комо со пресврт во финишот ги освои трите бода на гостувањето кај Торино.

Комо славеше со 3:1 благодарение на головите во последните 10-тина минути. Прво Рамон во 82-та минута израмни на 1:1, шест минути подоцна Нико Паз погоди за 2:1, а  Батурина во судиското продолжение ја потврди победата на Комо.

 

Torino 1 – [2] Como – Nico Paz 87′
by
u/50lipaa in
soccer

Претходно, во првото полувреме, Торино поведе преку Адамс.

Со триумфот, Комо се искачи на четвртото место на табелата со 20 бодови, додека Торино остана на 13 освоени бодови.

Се вчитува...