Кошаркарите на Панатинаикос во драматичен натпревар славеа со 80:75 против Олимпија Милано во натпреварот од осмото коло од Евролигата.
Иако во втората четвртина, грчкиот тим имаше предност од 12 поени (39:27), Олимпија Милано успеа да се врати во игра и натпреварот да го внесе во неизвесна завршница.
Во последната минута од натпреварот, со поените на Матијас Лесор, Панатинаикос поведе со 75:74, а по промашувањето на Хол на спротивната страна. Кендрик Нан на шест секунди до крајот погоди за 77:754.
Во последните секунди се влезе во пенал=завршница во која екипите се менуваа на линијата за слободни фрлања, но победата ја однесе Панатинаикос.
За грчкиот тим ова е седми триумф во осумте меча во Евролигата и останува лидер на табелата.
Кендрик Нан со 20 поени беше најдобар кај Панатинаикос каде се истакнаа и Лесор со 13 и Ернангомез кој даде 11 поени, додека на спротивната страна, Девон Хол даде 15 поени.
Екипата на Барселона во Минхен дојде до победата победа сезонава. Каталонскиот тим со 88:84 го совлада Баерн кој го забележа шестиот пораз.
Кевин Пантер со 23 поени беше прво име кај Барселона, додека во редовите на Баерн,Јокубаитис и Норис дадоа по 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
