Македонскиот репрезентативец Ди-Џеј Стјуарт го има најатрактивното забивање во новата рунда од Евролигата по фантастичната атракција на дуелот на неговата Басконија против Реал Мадрид.
Стјуарт тргна во соло-акција и со сета сила се упати кон кошот, на патот му застана Маледон, но Французинот на Реал беше прелетан од страна на нашиот репрезентативец.
Ди-Џеј Стјуарт летово доби македонски пасош и одигра само еден натпревар за нашиот национален тим, по што следеше негов трансфер од Цедевита Олимпија во шпанска Басконија.
WHAT HAVE WE JUST SEEN in the #RivalrySeries tonight 🤯
DJ Stewart, GET OUT THE WAY ⚠️
#MotorolaMagicMoment @Moto I @Baskonia https://t.co/0X9NkhWBUD
— EuroLeague (@EuroLeague) October 27, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
