Сензација во Англија: Четвртолигаш го исфрли Арсенал од Лига купот

Екипата на Флитвуд го направи најголемото изненадување во англискиот фудбал сезонава откако вечерва успеа да го елиминира Арсенал во Лига купот.

Екипата која игра во четвртата по ранг лига во Англија и е 18-та на табелата, по подобро изведување на пенали го победи Арсенал. Натпреварот во регуларните 90 минути заврши 1:1, а во пенал-рулетот, Флитвут славеше со 5:3.

Одлучувачкиот момент се случи во четвртата серија кога ударот на Бруно Гимараеш го одбрани голманот на Флитвуд, а потоа Хауги беше прецизен за голема победа на четвртолигашот.

Во регуларните 90 минути, Флитвуд поведе во 21-та минута, а Арсенал израмни преку Ѓокереш со 50-та минута.

Натпреварот се играше на стадионот „Хајбери“ во Флитвуд, а интересно е што поранешниот стадион на Арсенал кој е срушен пред 20 години, го носеше истото име.

 

 

Се вчитува...