Екипата на Борусија Дортмунд со еврогол во судиското продолжение дојде до триумф од 3:2 над Вердер во дуелот од 16-финалето од Купот на Германија.
Интересно е што овие две екипи сезонава играа на „Сигнал Идуна парк“ во рамки на Бундеслигата и вечерашниот натпревар многу наликуваше на тој дуел. Во мечот од Бундеслигата, Борусија водеше со 2:0, но прими два гола во судиското продолжение и остана без победата.
Вечерва, Борусија повторно водеше со 2:0 благодарение на головите на Гираси во шестата и на Чуквуемека во 17-та минута. Вердер во второто полувреме, успеа да дојде до израмнување со головите на Никлас Фулкруг во 65-та и во 68-та минута.
Сепак, триумфот на Борусија го донесе Марсел Сабицер со фантастичен гол од слободен удар во 93-та минута.
Borussia Dortmund [3] – 2 Werder Bremen – Marcel Sabitzer 90’+2′
by
u/50lipaa in
soccer
Пласман во осминафиналето обезбеди и Борусија Менхенгладбах која со 2:0 го совлада Карлсруе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
