„Кралевите“ се во победнички ритам, петти триумф во низа во Евролигата

Кошаркарите на Реал Мадрид по лошиот старт и трите порази, влегоа во победнички ритам и вечерва дојдоа до петтата победа во низа.

Последна жртва на „кралевите“ е Басконија која е совладана со убедливи 104:86.

Одлучувачката предност, Реал Мадрид ја направи уште во првата четвртина која ја доби со убедливи 30:19 по што немаше проблеми да ја зачува предноста, а во второто полувреме и да ја зголеми за петти триумф.

Тео Маледон со 19 поени и шест асистенции беше најдобар кај Реал Мадрид, додека во редовите на Басконија, Лоусон и Симонс постигнаа по 17 поени.

Се вчитува...