Ракометарите на Охрид ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 35:19 го совладаа вториот тим на Е. Пелистер во натпреварот од осмото коло во Суперлигата.
По осум кола, Охрид со шест победи и по едно реми и пораз се наоѓа на четвртото место на табелата со 13 бодови, три помалку од лидерот Вардар кој е перфектен.
Се беше решено во првото полувреме кое Охрид го доби со убедливи 21:9 по што рутински го одработи вториот дел за конечен триумф од 35:19.
Адама Кеита и Никола Зечевиќ со по шест постигнати голови беа најпрецизни кај Охрид, а по пет дадоа Мате и Јошида. Кај Еурофарм Пелистер 2, најрасположен за игра беше Кристијан Симоновски со шест голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
