Откако сфати каква глупост направи – Мбапе експресно се извини, се извинуваше и Ла Лига

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се извини за „непромислените“ изјави за поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг кои предизвикаа негативни реакции во кинеското општество и доведоа до прекин на соработката со неколку кинески брендови.

Мбапе гостувајќи во емисијата „The Bridge“ рече дека најсмешно меме кое некогаш го видел е фотомонтажата на која неговото лице е поставено на местото на Мао Це Тунг.

„Им се извинувам на сите кои беа вознемирени од моите зборови. Тоа не ми беше намерата. Го почитувам кинескиот народ и неговата историја, и навистина жалам. Мојата изјава беше „непромислена“ и сега разбирам дека повреди многу луѓе во Кина и кинеската заедница низ целиот свет“, соопшти Мбапе.

Експресно извинување упати и шпанската Ла Лига која соопшти дека длабоко жали поради изјавата на Мбапе.

Извинувањето на Мбапе и Ла Лига доаѓа по бурните реакции во Кина. Кинеската државна телевизија соопшти дека нема да ги пренесува натпреварите од Ла Лига, исто така нема да емитува никакви содржини поврзани со Мбапе, по неговите зборори.

Неколку кинески компании кои имаа спонзорски договори со Мбапе, веднаш ги раскинаа, а на кинеските социјални мрежи се погласни се барањата за целосен бојкот на Мбапе, но и на Реал Мадрид.

Се вчитува...