Екипата на Лацио продолжува со одличните игри сезонава и во деветтото коло ја забележа осмата победа. Последна жртва на „лацијалите“ е Сасуоло кој пред своите гледачи е декласиран со 2:6.
По триумфот, Лацио ќе преноќи на лидерската позиција на табелата со 25 бодови, три повеќе од Интер кој својот натпревар од ова коло го игра утре против Венеција.
Дилемите околу победникот беше решени во ефикасното прво полувреме во кое беа постигнати дури шест голови.
Лацио поведе уште во втората минута преку Тејлор, а во шестата минута Торствед израмни на 1:1. За само три минути, Лацио постигна два гола, во 13-та и во 16-та преку Исаксен и Флоријани за 1:3. Со крајот на првиот дел, и двете екипи постигнаа по уште еден гол.
Во второто полувреме, Лацио постигна уште два гола преку Нослин, а победата можеше да биде поубедлива доколку „лацијалите“ ги реализираа и двата пенали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
