Управата на Милан работи напорно на задржување на клучните фудбалери во тимот, веќе е постигнат договор за продолжување на соработката со Павловиќ, а сега е направен значаен чекор за истото да се случи и со Кристијан Пулишиќ.
Амриканскиот репрезентативец ги остави зад себе проблемите со повредата и влез во посакуваниот ритам, па сега важи за еден од клучните фудбалери во ротацијата на тренерот Аморим. Челниците на Милан одбија неколку понуди за Пулишиќ во текот на летово што се покажа како вистински потег, а сега планираат да го задржат во своите редови долго по истекот на актуелниот договор во 2028 година.
Преговорите за продолжување на соработката се веќе стартувани, „росонерите“ испратиле примамлива понуда за нов договор до јуни 2031 година што Пулишиќ начелно е подготвен да го потпише. Останува само уште да се средат одредени ситни детали пред овој договор да биде официјализиран, но сите прогнози велат дека тоа ќе се случи до крајот на оваа календарска година.
Следен на листата играчи со кои управата на Милан планира да ја продолжи соработката а Адриен Рабио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
