Некако, постојана тема за репрезентациите кои гостуваат на арената „Тодор Проески“ во Скопје е тревникот на нашиот најголем стадион.
Така беше и против Швајцарија кога нивниот селектор Јакин фокусот на прес-конференцијата пред мечот го насочи кон лошиот терен.
Но, да бидеме искрени сосема слично е по голем број стадиони во Европа. А, така беше синоќа и теренот на „Стожице“ во Љубљана, каде домашните новинари го потенцираа тој проблем пред домашниот селектор.
„Мислам дека националниот тим има мало влијание врз ова, иако тоа нам најмногу ни смета затоа што ние играме тука. Факт е дека луѓето кои се грижат за теренот во Стожице треба да завршат подобра работа. Од друга страна, не сум експерт за трева, тешко е да се зборува за овие работи“, рече синоќа селекторот на Словенците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
