ФОТО НА ДЕНОТ: Чоло толку многу го мрази Реал, што игра шах без „крал“

Фудбалските работници го користат крајот на месец јуни за да одморат по долгата и тешка сезона и да ги наполнат батериите за новите предизвици. Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го користи годишниот одмор во друштво на семејството.

Популарниот Чоло на одмор е заедно со својот син, фудбалерот на Верона Џовани Симеоне. Таткото и синот се опуштаат со партија шах, но еден детаљ го привлече вниманието на целата јавност.

Имено, Чоло игра со црни фигури, но како што може да се види на фотографијата тој на таблата ја нема фигурата „крал“. Случајност или провокација?

 

Се вчитува...