ФОТО НА ДЕНОТ: Еден за сите, сите за еден – ГОРАН ПАНДЕВ!

Гранде Горан Пандев утре против Холандија на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Македонија.

Сето тоа повеќе од доволен мотив, моментот да го овековечат сите македонски репрезентативци пред денешниот тренинг на арената во холандскиот град. Заедничка фотографија со најголемиот во нашата историја!

Уште еднаш, утре сите репрезентативци ќе играат за Горан Пандев, онака како што тој со своето лидерство ги носеше на патот до пласманот на Европското првенство 2020.

Се вчитува...