Фото на денот: Европско злато на градите на охридските „гладијатори“

Охрид неколку години наназад инвестираше во ракометниот тим, не успеваше да направи исчекор, но не се откажуваше. Се продолжи во ист, па дури и уште посилен ритам, беше донесен нов тренер, уште поквалитетни ракометари и сите коцки се склопија.

Охридските „гладијатори“ беа кошмар за сите противници во ЕХФ Европскиот куп со месеци наназад, доминираа на голем дел од натпреварите, заслужија и да ги следи среќа кога беше најпотребно (во полуфиналето со Целје), а финалето го одиграа онака, докторски, маестрално – со лекција за ракомет за Татабања, тим со поголемо реноме и поголем буџет од македонскиот суперлигаш.

Сепак, во спортот не се пресудни буџетите, македонските тимови тоа редовно го покажуваат на европската сцена, истото го стори и Охрид.

Па вечерва заслужено „гладијаторите“ се закитија со европско злато на своите гради. Како награда за сработеното, но и најава за уште подобри резултати во иднина.

Се вчитува...