Фото на денот: Господски потег на Динамо Загреб во чест на Чиро Блажевиќ

Динамо Загреб најде оригинален начин да го испочитува легендарниот Чиро Блажевиќ по смртта на легендарниот хрватски тренер. Така, фудбалерите на хрватскиот првак на официјалното претставување на „Максимир“ пред мечот со Истра се појавија со бели шалови, нешто што беше заштитен знак на Блажевиќ за време на неговата тренерска кариера.

„Модрите“ славеа со 1-0 благодарение на голот што го постигна Македонецот Стефан Ристовски во првото полувреме. Добар меч одигра и Аријан Адеми, над кого беше направен пенал при 0-0 што Дрмиќ не успеа да го реализира, а капитенот на Динамо во судиското продолжение не искористи и две стопроцентни шанси за гол.

Се вчитува...