ФОТО НА ДЕНОТ: И Перо Антиќ гледа Карпош соколи – Црвена звезда

На трибините во СЦ „Борис Трајковски“ се наоѓа и екс-капитенот на македонската репрезентација, Перо Антиќ, кој во живо го следи мечот меѓу Карпош соколи и Црвена звезда. Големиот ас никогаш не ги крие симпатиите кон белградските „црвено-бели“, па го искористи слободниот ден во Фенербахче за да допатува во родниот град и да го следи дуелот на својот поранешен клуб против македонскиот ривал во регионалното натпреварување.

Се вчитува...